Дома Фудбал Потег кој не се очекуваше: Мурињо го ангажира првото засилување од лутиот ривал во Реал Мадрид

Потег кој не се очекуваше: Мурињо го ангажира првото засилување од лутиот ривал во Реал Мадрид

Жозе Мурињо наскоро ќе биде претставен како новиот тренер на Реал Мадрид, а јасно е дека Португалецот веќе ги прави плановите за новата сезона бидејќи протече информација кој би можел да биде неговото прво засилување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид веќе две сезони по ред е без освоен трофеј што запали аларм на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Флорентино Перез е свесен дека работите итно мора да се променат, а ќе почне од тренерот бидејќи Алваро Арбелоа нема да остане на клупата на кралскиот клуб.

Веќе некое време се шпекулира дека по 13 години во Реал Мадрид се враќа Жозе Мурињо и дека наскоро сè треба да биде озваничено бидејќи Специјалниот прифати договор кој му го понуди Перез.

Но, Мурињо веќе неуморно размислува за новата сезона и знае дека мора да направи одредени промени во играчкиот кадар на Кралевите за да ги размрда работите по две очајни сезони.

Со Реал се поврзуваат неколку интересни имиња, а шпанскиот медиум „COPE“ пишува дека изгледа е јасно кој би можел да биде првата “аквизиција” на Мурињо по неговото враќање на клупата на мадридскиот клуб.

Станува збор за дефанзивниот фудбалер за врска Мортен Хјулманд кого Мурињо веќе го препорачал на раководството на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА доживотно го суспендираше селекторот поради активности кои го згрозија светот

Еден од најголемите скандали во женскиот фудбал доби конечен епилог! УЕФА доживотно го сус…