Дома Фудбал Шкендија не знае да губи, финалето го заврши со скандалозен потег! (Видео)

Шкендија не знае да губи, финалето го заврши со скандалозен потег! (Видео)

Изненадувачки потег на фудбалерите на Шкендија по финалето од Купот на Македонија. По поразот од Силекс со 1-0, тетовскиот тим одби да ги прими медалите за освоеното второ место.

Играчите најпрво се упатија кон трибината за да им се заблагодарат на своите навивачи за поддршката, но кога организаторот ги повика на пиедесталот за доделување на медалите, тие не се појавија.

По нивното непојавување, фудбалерите на Силекс се искачија на победничкиот пиедестал и го кренаа трофејот, додека играчите на Шкендија се повлекоа во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…