
Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо Силва, тврди водечката вест на весникот „Марка“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шефовите на мадридскиот клуб сакаат да го доведат португалскиот играч за врска како замена за легендата Антоан Гризман, кој го напушта клубот. Играчот за врска ќе стане слободен агент ова лето и може да пристигне на „Риад Ер Метрополитано“ без откупна сума.
Бернардо Силва го привлекува вниманието на луѓето од Атлетико со својата огромна класа и технички потенцијал, како и со борбениот дух на лидер, и неговата способност да игра на повеќе различни позиции.
Португалецот пристигна во Манчестер Сити летото 2017 година и од тогаш стана еден од главните столбови на успехот под раководство на Хосеп Гвардиола. 31-годишниот играч за врска има и над 100 натпревари за Португалија, а очекувањата се да биде една од главните фигури во составот на „морепловците“ на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. Различни медиуми во Европа тврдат дека сериозен интерес за играчот покажуваат уште Јувентус и Барселона.