
Астон Вила освои втор голем европски трофеј во својата историја. Тимот од Бирмингам триумфираше во Лига Европа 44 години откако стана европски шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На финалето во Истанбул, англискиот тим го победи Фрајбург со 3:0. Ова е првиот трофеј за Вила под водство на Уни Емери, но петти триумф во Лига Европа за шпанскиот тренер.
Јури Тилеманс поведе со удар од воздух, а Емилијано Буендија ја удвои предноста со прекрасен удар од далечина. Во 58-та минута, Морган Роджерс постигна трет гол во мрежата на Атуболу и во голема мера го заврши натпреварот.
.