Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Приказните дека ФК Вардар е во приватна сопственост не држат вода

Комити: Приказните дека ФК Вардар е во приватна сопственост не држат вода

Навивачката група на Вардар „Комити“ вечерва се огласи со ново соопштение.

Во нивната последна реакција „Комити“ објаснуваат зошто е погрешно да се гледа на ФК Вардар како на приватна сопственост. Нивото соопштение ви го пренесуваме во целост.

“Секој Градоначалник на Скопје има должност да се грижи за Вардар. Приказните дека ФК Вардар е АД е во приватна сопственост не држат вода. Зошто?Затоа што Фудбалскиот Клуб Вардар во 2014-та година е продаден од страна на Градот Скопје кој поседуваше 51% од акциите и АДССДП (ПУИГ) 49%.Самото тоа што ФК Вардар е продаден од Градот и Државата, според едните на 10 годишен период, според другите на неопределено време со обврска 10 години да се поднесуваат извештаи, подразбира дека Вардар е субјект од јавен интерес. Дали Договорот е прецизен и добар? Апсолутно НЕ ! И доколку го погледате ќе забележите дека е речиси едностран, непрецизен, и авторот на Договорот не ги земал предвид интересите на Вардар а со тоа и интересите на народот !Приказните дека Градот Скопје не може да го прифати клубот со долгови исто така не држат вода. Зошто? Затоа што долговите се настанати токму во периодот од 2018г, односно во периодот и кога трае мандатот на актуелниот Градоначалник. Во Договорот експлицитно е наведено дека ФК Вардар АД е должен да доставува извештаи за тоа како ги распределил минимумот од 1.5 милиони евра на годишно ниво во период од 10 години. Доколку едната страна не ги исполнува критериумите, и доколку настане тоа што го имаме сега како статус кво, односно неоправдана задолженост на клубот со сума која варира од 1.8 до 3.5 милиони евра, градот и државата имале должност или да го раскинат договорот како домакински владетели со јавното добро, или да го спречат тоа сценарио. Самсоненко како сопственик на клубот оштетувајќи го Вардар, ја оштетува највеќе државата и народот, затоа што најголемиот доверител на ФК Вардар е УЈП. И како акционер тој може да го оштети клубот на народот онолку колку што државата ќе му дозволи. И државата не реагирала во ниту еден наврат.Ќе повториме уште еднаш дека нас не ‘не интересира политиката, и ние не комуницираме со политичари, туку единствено со институции, кои имаат надлежност и континуитет без оглед кој е актуелен Градоначалник или носител на јавна функција. Во случајов имаме дисконтинуитет, и политичка борба, наместо суштинска битка за нешто што нема врска со политика, и нешто што е на граѓаните и народот. Ние единствено нешто што баравме беше Градоначалникот и Советот на Град Скопје да си ја вршат својата должност и да ги бранат интересите на граѓаните кои “ги застапуваат”.Да земеме пример дека истото се случува со друга капитална инвестиција, каде е предмет претпријатие од јавен интерес, пример Водовод или Телекомуникациска компанија. Дали доколку стопанственикот се однесува неодговорно, и работи на штета на граѓаните, одговорот ќе биде дека тоа не е во ваша надлежност, туку “претпријатието е во приватна сопственост”?Ова не е фаворизирање на ничија опција, туку можност за суштинско отварање на картите, затоа што нема тајни со богатството и интересите на народот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бејтулаи: Се надевам дека ќе ги израдуваме навивачите

Репрезетантивниот дефанзивец на Македонија, Егзон Бејтулаи е оптимист пред првиот меч на Е…