Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, „Комити“ најавија вонредна прес-конференција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ,,Јане Сандански” во населбата Аеродром, утре (20.11.2024), со почеток од 12:00ч.
„Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува!
Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата.“, стои во објавата.