
Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да ги исфрли од Купот за следната сезона, па така тетовци најавија дека би можеле да го напуштат македонскиот фудбал доколку не се промени одлуката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и корегира. Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле сериозно, коректно и со целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите локални клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови. Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го деградираат овој придонес. Овој пристап нè наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување од клубот/фудбалот во Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот. Очекуваме органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“, стои во соопштението објавено на интернет страницата на Шкендија.