Дома Фудбал Англија Клоп се налути: Како може против Манчестер Сити да играме во сабота од 13:30 часот?!

Клоп се налути: Како може против Манчестер Сити да играме во сабота од 13:30 часот?!

Во викендот кој следи клубовите ќе паузираат бидејќи на ред се репрезентациите, а веднаш потоа Премиер лигата ни носи дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.

Германскиот стратег, Јирген Клоп не е задоволен од терминот одреден за овој натпревар, сабота 13:30 часот.

„Сега сите фудбалери ќе бидат со националните тимови, а потоа имаме натпревар против Манчестер Сити и ќе имаме можност веројатно да тренираме само еднаш сите заедно. Како може да закажете таков натпревар во 12:30 часот (по лондонско време) во сабота?!

Според ова можам да заклучам дека луѓето кои ги носат одлуките не го чувствуваат фудбалот. За мене ова е невозможно. Не знам колку играчи имаат Сити и Ливерпул заедно во националните тимови, можеби 30-тина. За Јужноамериканците ќе треба да организираме посебен лет“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tоти: Без мене Италија немаше да го освои Светското првенство

Франческо Тоти верува дека Италија не би го освоила Светското првенство во 2006 година без…