Дома Фудбал Клоп на претставувањето се закани: Ова го правам за вас, ако тоа се случи – заминувам!

Клоп на претставувањето се закани: Ова го правам за вас, ако тоа се случи – заминувам!

Јирген Клоп (59) денеска официјално беше претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија и за време на прес-конференцијата кон новинарите упати остри пораки.

Клоп потпиша договор со Фудбалската федерација на Германија до крајот на Светското првенство во 2030 година, а при неговото претставување јасно нагласи дека нема да толерира никакви навреди од медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Оваа работа не ја работам за себе, туку за сите вас. Ја прифатив задачата и покрај тоа што видов како постапувавте со Јулијан Нагелсман и Томас Тухел”, рече Клоп на почетокот од своето обраќање до медиумите.

“Кога било да не ме сакате повеќе, само кажете, и си одам. Без никаква отпремнина. Ако кажете дека не вредам ништо, си одам. Ако федерацијата каже дека сум лош, се повлекувам. Но, ако ја преминете границата и ја засегнете мојата фамилија, веднаш поднесувам оставка”, изјави Клоп пред новинарите.

Клоп исто така истакна дека не бега од конструктивна критика која се однесува на играта и резултатите.

“Критикувајте ме кога нешто не функционира и целосно сум подготвен да разговараме и работиме на тоа. Зборувам само за работи кои се одвиваат на теренот. Нека ви биде јасно – по оваа позиција во репрезентацијата, јас немам повеќе што да работам. Во идеален случај, ова е кулминацијата на мојата кариера”, истакна Клоп.

Што се однесува до неговите амбиции на клупата на Германија, Клоп потенцираше дека тие се на највисоко можно ниво.

“Се прашувате дали сме толку добри како Франција? Грешно прашање поставувате. Треба да се запрашате дали имаме играчи како Дембеле, Мбапе, Дуе, Баркола? Одговорот е дека ги немаме, но и покрај тоа можеме да ги победиме. Не смееме да гледаме како играат Франција, Шпанија, Аргентина… Најважно е да се фокусираме на нас и на нашата игра, а убеден сум дека можеме да направиме тим кој ќе ги победи”, порача Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најскапите голмани во историјата понуден на Јувентус

Кепа Аризабалага може да замине од Арсенал, пренесува италијанскиот инсајдер Николо Шира. …