Дома Фудбал Италија Турската легенда: Елмас го купивме за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони!

Турската легенда: Елмас го купивме за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа имаше уште еден одличен настап за Наполи против Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елмас  со одличен дриблинг го исфрли од игра Жорде Алба и му асистираше на Зиелински за водство на Наполи.

Поранешниот турски фудбалер и тренер на Фенербахче, Ајкут Кочаман имаше само пофални зборови за Елмас по вчерашниот настап против каталонскиот гигант.

„Елмас пристигна кај нас за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони. Го гледав неговиот последен настап, тој беше главен на теренот. Настапот на Елмас беше вистинско уживање“, кажа Кочаман.

Елмас веќе две и пол години е во Наполи, а оваа сезона игра одлично под палката на Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…