Дома Моторспорт Стела откри каде „заглави“ Пјастри: Мекларен има проблем што не се решава лесно

Стела откри каде „заглави“ Пјастри: Мекларен има проблем што не се решава лесно

Шефот на Мекларен, Андреа Стела, посочи што според него стои зад послабите настапи на Оскар Пјастри во текот на сезоната 2026 во Формула 1.

Според Стела, препознатливиот чист и мирен стил на возење на Австралиецот не се вклопува најдобро со болидот MCL40, за разлика од претходниот модел. Пјастри во 2025 стигна до седум победи на Гран при трки и долго време беше во игра за шампионската титула, пред на крајот да остане зад тимскиот колега Ландо Норис.

Оваа сезона, пак, резултатите се далеку поскромни. Пјастри досега има само два пласмани на подиум, а последниот му беше во Мајами уште во мај.

Стела во Сингапур објасни дека на возачите им е потребен поинаков пристап за да извлечат максимум од актуелниот болиду.

„На овој болид му треба многу повеќе напор за да дојдеш до време по круг, а и бара многу поголем интензитет во командите при возење во однос на лани.

Тоа е нешто за кое на возачите им требаше време да го разберат. Токму и затоа Оскар делува како да загубил дел од конкурентноста во однос на Ландо.

Кога разговаравме што се случува со Оскар, јас секогаш велев дека станува збор за техничка работа. Тој едноставно требаше да разбере како да го натера болидот да прави одредени работи и да прифати дека брзото возење не значи секогаш и чисто возење.

Негов заштитен знак претходно беше токму тоа – да биде чист, повторлив и брз. Со овој болид, тие работи не се случуваат толку често. Затоа има многу работа за возачите“.

Мекларен потврди дека до крајот на сезоната ќе донесе нов пакет надградби, но Стела не очекува тие значително да го решат овој проблем.

„Не очекувам тоа што доаѓа на болидот да ја подобри оваа карактеристика.

Мислам дека ни треба нешто пофундаментално отколку само додавање потисна сила, како што ќе биде случај во следните трки. Потребна е подлабока промена, а тоа е нешто што повеќе го гледаме на подолг рок, веројатно со MCL41 за 2027“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хас повлече потег за 2027: Камара доаѓа на местото на Окон

Рафаел Камара ќе вози за Хас од 2027 година, а неговото доаѓање веднаш отвора прашања и за…