Дома Останати Кошарка Калаицакис задоволен од улогата во Панатинаикос: Да добиев шанса и лани, ќе покажев исто

Калаицакис задоволен од улогата во Панатинаикос: Да добиев шанса и лани, ќе покажев исто

Панатинаикос во шестото коло од Евролигата ќе го пречека Хапоел Тел Авив со јасна цел – да ја продолжи победничката серија и да остане непоразен.

Во пресрет на натпреварот, Панајотис Калаицакис зборуваше во емисијата „Greens’ Game Talk“ и нагласи дека и претходно можел да прикажува партии како овие сезонава, но едноставно немал доволно простор да го покаже тоа.

„Да добиев шанса во претходните години, ќе можев да играм вака како што играм и оваа сезона. Едноставно немав доволно минути. Сега работите се поинакви. Сите добиваат шанса, тренерот користи ротација од 11-12 играчи на секој натпревар, сите сме во конкуренција и не добиваме само една-две минути, туку подолг период на паркетот.

Оваа сезона на сите натпревари почнуваме со тројца грчки играчи во првата петорка. Тоа е многу важно за тим како Панатинаикос, клуб кој отсекогаш ги имал најдобрите грчки кошаркари. Моја задача, како и на другите Грци во тимот, е секој во својата улога да помогне за победите и да го даде максимумот.“

Калаицакис се осврна и на следниот предизвик во Евролигата, потенцирајќи дека тимот му пристапува со ист интензитет како и на претходните средби.

„Се подготвуваме со истата концентрација, истата страст и истата желба како и за сите претходни натпревари. Сакаме по уште една тешка недела да ја завршиме работата со 2 од 2, да стигнеме до совршени 6 од 6 во Евролигата и неделата да ја затвориме со две победи.“

Грчкиот кошаркар смета дека поголемата глад по неуспешната мината сезона се гледа најмногу во одбраната, која според него е најсилното оружје на Панатинаикос во моментов.

„Играчите што останавме тука сме уште погладни затоа што минатата сезона не помина како што посакувавме. Затоа сите ставивме поголем акцент на одбраната. На секој меч користиме различни дефанзивни решенија и токму затоа ја имаме најдобрата одбрана во лигата. Ја имаме таа желба во себе. Секој натпревар е различен. Напаѓачки сме многу добар тим, но во одбраната сме уште подобри.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Филаделфија бара засилување под кошот: две имиња како поддршка за Бона

По тешката повреда на Ариел Хукпорти, Филаделфија 76ерс разгледува две опции за дополнувањ…