
Со капитенот Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција присуствуваше и еден од нашите најдобри фудбалери Елиф Елмас.
Фудбалерот на Аталанта очекува тежок натпревар, но верува во позитивен резултат.
„Очекувам тежок натпревар, играме со силна репрезентација, знаеме каде стигна ова лето на Мундијалот, но ние сме максимално спремни и ќе дадеме сè од себе за позитивен резултат. Ние бевме млади кога дојдовме, сега ни е чест да ги пречекаме новите, знаеме како е кога ќе дојдете првпат тука, на секого му е чест да игра за својата држава. Дури мислам дека и повеќе треба да им даваме шанса на младите да собираат искуство. Кога сме тука, не гледаме на клупската сиутација, даваме максимум и сега мислам дека утре ќе имаме позитивен резултат“, изјави Елмас.
Натпреварот помеѓу Швајцарија и Македонија е закажан во терминот од 20:45 часот.