Дома Останати Кошарка Бурно во Турција: Бешикташ бара јавно извинување по нападите кон Алимпијевиќ

Бурно во Турција: Бешикташ бара јавно извинување по нападите кон Алимпијевиќ

Трансферот на Лони Вокер во Бешикташ предизвика големо внимание во турската кошаркарска јавност, но наместо приказната да остане само на засилувањето, во фокусот се најде остра полемика околу начинот на кој Американецот пристигнал во клубот.

Поранешниот турски кошаркар Ибрахим Кутлуај во телевизиско гостување изнесе обвинувања поврзани со трансферот, при што алудирал дека зделката била резултат на договор меѓу тренерот Душан Алимпијевиќ и менаџерот на играчот, Мишко Ражнатовиќ. Токму поради тие коментари, Бешикташ веднаш реагираше со официјално соопштение и побара јавно извинување.

Од клубот порачаа дека Кутлуај со ваквите настапи „далеку ги надминал границите на спортското коментирање“ и дека се обидел да создаде впечаток дека трансферот бил реализиран по непрофесионални и субјективни критериуми, само затоа што тренерот на Бешикташ и агентот на новото засилување се од иста националност.

Во реакцијата, Бешикташ нагласува дека е неприфатливо коментатор кој работи за официјалниот пренесувач на Евролигата во Турција да фрла сенка врз ангажманот на кошаркар со вакви инсинуации. Клубот потсетува и на биографијата на Лони Вокер, посочувајќи дека станува збор за играч избран во првата рунда на НБА драфтот, со речиси 350 натпревари во најсилната лига во текот на седум сезони.

Бешикташ јавно побара од Кутлуај или да ги поткрепи своите зборови со конкретни информации и докази, или да се извини пред јавноста. Во спротивно, клубот најави дека ќе покрене иницијатива пред раководството на Евролигата за да бидат преземени соодветни мерки против него.

Во соопштението, турскиот клуб практично испрати јасна порака: ако има докази, тие треба да бидат објавени, а ако нема, тогаш ваквите тврдења не смеат да се пласираат како сомнеж во јавноста.

Целиот случај дополнително ја крена тензијата околу доаѓањето на Вокер, кој требаше да биде главната спортска тема, но наместо тоа неговиот трансфер стана повод за сериозен судир меѓу поранешен репрезентативец и клубот од Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Филаделфија бара засилување под кошот: две имиња како поддршка за Бона

По тешката повреда на Ариел Хукпорти, Филаделфија 76ерс разгледува две опции за дополнувањ…