Дома Фудбал Италија Рибери за белегот на лицето: Тој опасен инцидент го формираше мојот карактер

Рибери за белегот на лицето: Тој опасен инцидент го формираше мојот карактер

Франк Рибери во наредните две години ќе игра во Серија А откако потпиша договор со Фиорентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот Французин пристигнува како слободен играч откако повеќе од една деценија настапуваше за Баерн Минхен.

Во новиот клуб денес официјално беше претставен, а едно од прашањата се однесуваше белегот на неговото лице по кој стана препознатлив.

„Имав потешкотии кога бев дете. Растев на улица и за мене е важно никогаш да не заборавате од каде доаѓате“, изјави Рибери и продолжи:

„Едноставен сум и ме почитуваат луѓето кои ми се блиски. Тој опасен инцидент го формираше мојот карактер и направи да имам големо срце. Ако можам да помогнам го правам тоа, јас сум човек“, одговори Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал се насочува кон Субименди по неуспехот со Родри

Жозе Моуриньо продолжува да инсистира Реал Мадрид да донесе нов дефанзивен играч за врска …