Мартин Батурина, 21-годишен хрватски играч од средниот ред веројатно е новиот фудбалер кој ќе ја наполни касата на Динамо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Познат како ‘новиот Модриќ’ поради неговиот стил на игра, Батурина е многу ценет во Хрватска и импресионира како во клупските, така и во репрезентативните настапи..
Според последните информации тој е задоволен во Динамо Загреб, но се шпекулира и дека посакува нов предизвик
Иако неговиот тековен договор го врзува со хрватскиот клуб до јуни 2028 година, Динамо би бил подготвен да се раздели со него веројатно за сума од околу 25 милиони евра.
Но, преговори со Батурина наводно води и ПСЖ кој исто така е спремен да ја плати бараната сума.