Дома Фудбал Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште една долга и напорна сезона.

Минатата сезона, откако помина 14 години во Реал Мадрид, се пресели во Милан, но на крајот “Росонерите” не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите.

Токму поради тоа, на Сан Сиро се случија значајни промени, вклучувајќи го и ангажирањето на новиот тренер, Рубен Аморим.

Италијанските медиуми известуваат дека Аморим сака Модриќ да остане во тимот и следната сезона.

“Сакам Модриќ да продолжи, разговарав со Лука и… Ако ќе е потребно, лично ќе одам по него! Сакам да биде во Милан следната сезона”, изјави Аморим.

Да потсетиме, Аморим лани доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем гест на Гави: Ќе изгради 150 домови во неговото родно место

Младиот играч на средина на теренот од Барселона и репрезентативец на Шпанија, кој пред ед…