Дома Фудбал Италија Maлдини се огласи со видео порака

Maлдини се огласи со видео порака

Техничкиот директор на Миалан Паоло Малдини најави дека ќе се опорави во наредните седум дена, откако беше потврдено дека е заразен со коронавирусот.

Пред неколку дена беше потврдено дека со коронавирус се заразени Малдини и неговиот син Даниеле кој беше дел и од првиот тим на Милан. Сега Малдини се огласи со видео порака и се заблагодари на сите за пораките.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со ова видео сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои преку друштвените мрежи ми испраќаа пораки за мене и мојот син. Добро сме и во рок од седум дена ќе го решиме овој вирус. Сакам да им се заблагодарам и на сите доктори, медицински сестри, здравствени работници и на сите органи кои со оваа опасност се соочуваат со невиден професионализам. Не правите горди што сме Италијани. Ви благодарам уште еднаш“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…