Дома Фудбал Англија Жиру по потписот: Горд сум што доаѓам во еден од најголемите клубови во Премиер лигата

Жиру по потписот: Горд сум што доаѓам во еден од најголемите клубови во Премиер лигата

Оливие Жиру во последниот ден од преодниот рок го официјализираше својот трансфер во редовите на Челси.

Жиру во Челси пристигнува за сума од 15.3 милиони фунти како оштета и плус 2.2 како бонуси. Французинот по потписот истакна дека е среќен што потпишува со еден од најдобрите клубови во премеир лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Челси е еден од најголемите клубови во Премиер лигата, можеби освоија најмногу трофеи во последните шест или седум години, но секако дека се голем клуб. Горд сум што ќе играм тука и со нетрпение го чекам мојот настап“, изјави Жиру.

Напаѓачот во Челси ќе го носи дресот со број 18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо и Италијанците добијаа најлоши вести пред баражот за СП

Италијанската репрезентација влегува во најважните денови од циклусот, но атмосферата во т…