Кошаркарската федерација на Македонија по прекинот на Собраниската седница ги додели наградите за најуспешните во изминатата 2017. година.
Македонските интернационалци, Перо и Јелена Антиќ се лауреатите за изминатата сезона во македонската кошарка, кои беа и повеќе од успешнни амбасадори за Македонија низ Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова се најдобрите за изминатата 2017. година
Најдобар тренер за младинците (женска конкуренција): Анета Глигорова од Бадел.
Најдобар тренер за младинците (машка конкуренција): Денис Дербишевиќ од Феникс.
Најдобра младинска женска екипа: ЖКК Бадел 1862
Најдобра младинска машка екипа: КК Вардар
Најдобра млада кошаркарка: Тијана Митрева од Мерцедес Алегро, Италија
Најодбар млад кошаркар: Дамјан Крстевски од Работнички
Најдобар судија: Алија Феревски
Најдобар женски тренер кај сениорките: Бране Андриевски од ЖКК Вардар
Најдобар машки тренер кај сениорите: Љупчо Малинков од Фени.
Најдобра женска екипа: ЖКК Бадел 1862
Најдобра машка екипа: КК МЗТ Скопје Аеродром
Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ од Висла
Најдобар кошаркар: Перо Антиќ од Фенербахче