
Кошаркарите на Тофаш го совладаа Бордо Бандирма со 90:89 во првото коло од турското првенство, благодарение на неверојатен погодок со звукот на сирената.
Веројатно овој натпревар би поминал незабележано доколку на крајот не се случеше нешто што ретко се гледа на кошаркарските терени.
Гостите веќе се сметаше дека ја имаат победата, а Квентин Питерсон намерно промаши слободно фрлање при последната секунда и пол од натпреварот, со цел времето да истече пред домаќините да упатат шут за победа.
Сепак, топката се најде во рацете на капитенот на Тофаш, Јигитчан Сајбир, кој успеа да направи едно дриблање и потоа испрати шут речиси од целиот терен.
И нормално, шутираше прецизно без употреба на таблата, на целосно изненадување на сите присутни во салата, како и на оние кои го следеа овој потег на телевизорите.
WHAAAT IN THE WORLD… TOFAS WINS IT WITH A CRAZY BUZZER-BEATER!!! 🤯🤯🚨🔥
— Basketball Sphere (@BSphere_) September 25, 2026
pic.twitter.com/x31UySMe8T