
Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари, со што стана најплатениот кошаркар во историјата на НБА кога се работи за приходите од договори на теренот.
Според податоците на ESPN, вкупната заработка на Кари од договори во НБА сега достигнува 652 милиони долари, претекнувајќи ги Кевин Дурант со 598 милиони и Леброн Џејмс со 592 милиони долари.
Во петокот, Кари го договори новиот двегодишен договор со Голден Стејт, а како што известува Шемс Чаранија од ESPN, се согласи и на намалување на приходот за околу 20 милиони долари, овозможувајќи им на Вориорсите поголема финансиска слобода пред летото 2027 година.
“There has never been a better face to a franchise in professional sports history, both on and off the court, than Stephen Curry with the Warriors.”
— Golden State Warriors (@warriors) September 26, 2026
– Mike Dunleavy pic.twitter.com/2SpOa8fdDA
Голден Стејт на Кари му понудил неколку различни опции: од максимален договор, преку договор со помала плата за повеќе простор за доведување на играчи, до можноста да почека почетокот на сезоната или следното лето.
Искусниот плејмејкер одлучи да прифати финансиски помалку исплатлива опција и да остави дел од средствата на клубот за потенцијални засилувања.
Според процените на локалните медиуми, Вориорсите следното лето би можеле да имаат дури 64 милиони долари простор во капот за плати, што ќе ја отвори можноста за значајни засилувања околу Кари.
Кари, кој има 38 години, целата своја НБА кариера ја помина во дресот на Голден Стејт Вориорс.
Со клубот освои четири шампионски титули, додека два пати беше прогласен за најкорисен играч на регуларната сезона. Еднаш го освои и признанието за МВП на финалето.
Кари е 12 пати учесник на Ол-стар натпреварот, а дури 11 пати е избран во една од најдобрите петорки на НБА лигата.