Дома Фудбал Англија Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда на грбот во пресрет на Европското првенство кое од 14. јуни до 14. јули ќе се одржи во Германија.

Кејн имаше проблеми со грбот и во пресрет на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид минатата недела, но го одигра тој натпревар со болки. Пробавме со инекции и терапија, но има грчеви, а состојбата по неколку дена тренирање со болки состојбата се влошила.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Воопшто не можеше да тренира“, изјави тренерот на Баерн, Томас Тухел пред натпреварот со Хофенхајм.

На ЕП Англија ќе игра во група со Словенија, Данска и Србија. Тренерот Герет Саутгејт во вторник ќе го именува својот прелиминарен состав за турнирот.

Кејн постигна 44 гола во сите натпреварувања во неговата прва сезона во германскиот клуб, вклучувајќи четири хет-трика во Бундеслигата. Со 62 постигнати гола Кејн е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Матераци со повик до Зидан: Поминаа толку многу години…

Марко Матераци за многумина ќе остане запаметен како еден од најдобрите стопери на сите вр…