
Хари Кејн влезе во историјата на Бундеслигата како играчот кој најбрзо стигна до 100 постигнати голови во ова натпреварување.
Му беа потребни само 98 натпревари за овој подвиг.
Со тоа го сруши претходниот рекорд што го држеше Дитер Милер, кому му беа потребни 129 дуели.
Англискиот репрезентативец вечерва против Унион постигна два гола.
Зачекори до погодоците во 39-та и 54-та минута.
Кејн пристигна во Баерн пред три сезони од Тотенхем.