
Напаѓачот на Баерн е задоволен од реакцијата на неговиот тим по првиот меч на турнирот, истакнувајќи дека разговорот на полувремето имал големо влијание на пресвртот во играта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Мислам дека ова беше натпревар со две различни полувремиња. Во првиот дел бевме солидни, но сум многу разочаран од начинот на кој примивме гол. Делуваше како да паднавме во играта тогаш. Тренерот има голема заслуга бидејќи на полувремето ни одржа говор и ни кажа дека, ако веќе изгубиме, да изгубиме на нашиот начин. Мислам дека тоа јасно се виде во нашиот пристап во второто полувреме. Заигравме со полн гас и противникот едноставно не можеше да ни парира. Честитки до сите за првиот меч на турнирот“, рече Кејн.
Говорејќи за промените што неговиот тим ги направи по одморот, капитенот на Англија нагласи дека клучот била поагресивната игра без топка.
„Без топка бевме значително поагресивни. Не беше лесно, бидејќи имаат играчи како Лука Модриќ кои се спуштаат по топката, па мора брзо да процените кого да превземете. Интензитетот на играта е нашето најголемо оружје и мора уште повеќе да го користиме.”