Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини имаше интересен разговор преку Инстаграм со Кристиан Виери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Малдини имаше импресивна фудбалска кариера и е еден од најтрофејните фудбалери во историјата со 26 освоени трофеи од кои дури 5 во Лигата на шампиони.
Сепак, Малдини се нареше „најголем губитник во историјата“, бидејќи во текот на кариерата загуби многу финалиња.
„Вистина е дека освоив многу трофеи, но имав и многу болни порази. Всушност јас сум најголем губитник во историјата. Изгубив три финалиња во Лига на шампиони, еден УЕФА Суперкуп, три финалиња во Интернационалниот Куп, финале на Мундијал, финале на Европско првенство“, истакна Малдини.