Дома Фудбал Италија Милан потврди: Малдини и неговиот син позитивни на коронавирус

Милан потврди: Малдини и неговиот син позитивни на коронавирус

Италијанскиот гигант Милан денес ги потврди првите случаи на коронавирус, а станува збор за легендата Паоло Малдини и неговиот сон Даниел Малдини.

Паоло Малдини моментално е директор на Милан, додека Даниел Малдини е дел од тимот и неодамна дебитираше во Серија А.

Целиот тим на Милан веќе десетина дена е во домашна изолација, што значи дека Малдини немал контакт со другите фудбалери и вработени во клубот.

Милан потврди дека Паоло и Даниел Малдини се заразиле во контакт со член од поширокото семејство. Двајцата се во добра здравствена состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tоти: Без мене Италија немаше да го освои Светското првенство

Франческо Тоти верува дека Италија не би го освоила Светското првенство во 2006 година без…