Дома Трансфер зона Реал Мадрид спреми 80 милиони за ѕвездата на Дортмунд

Реал Мадрид спреми 80 милиони за ѕвездата на Дортмунд

Кога замина Кристиано Роналдо се очекуваше токму Бејл да стане лидер на Реал Мадрид, но Велшанецот повторно разочарува и оваа сезона.

Од неговото доаѓање во Мадрид, Бејл доживеа многубројни повреди и никогаш не го исполни во целост својот потенцијал, па најверојатно ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Реал Мадрид е спремен да се раздели со Бејл на крајот на сезоната, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ веќе пронашле замена за Велшанецот, а станува збор за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.

Американскиот репрезентативец е мета на Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед, но „кралевите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.

Се верува дека оваа сума ќе ги задоволи апетитите на Борусија Дортмунд, а во Мадрид сметаат дека Пулишиќ ќе биде идеална замена за Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…