Дома Фудбал Мурињо: Златна топка за Лига на шампиони? Тогаш нека ја добие Луис Енрике

Мурињо: Златна топка за Лига на шампиони? Тогаш нека ја добие Луис Енрике

Жозе Мурињо го изрази своето мислење за критериумите за доделување на Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Тој смета дека ова признание не треба да се доделува исклучиво врз основа на освоените тимски титули, туку да се даде на најдобриот играч во светот. Во својата анализа, Мурињо предложи и алтернативен приод за легендарните фудбалери.

“Златната топка треба да му се додели на некои играчи само кога ќе ја завршат кариерата, бидејќи ќе ни недостасуваат засекогаш,” рече Мурињо, споменувајќи ги како примери Марадона, Кристијано Роналдо, Меси, Роналдо Назарио, и Зидан.

Португалскиот тренер ја критикува практиката според која освојувањето на големите натпреварувања е одлучувачко. “Не може да му се додели Златната топка на некого само затоа што го освоил Лига на шампиони или Светско првенство. Ако навистина треба да се даде за освоената Лига на шампиони, тогаш нека ја добие Луис Енрике,” изјави тој.

Тој подвлече дека личните квалитети на играчот треба да бидат приоритет. “Не, таа треба да му припадне на најдобриот играч во светот, а не по правило некој Шпанец или играч на ПСЖ. Треба да ја добие еден од тројцата или четворицата најдобри во светот, а тие играчи се тука,” истакна на прес-конференција во Реал.

За крај, Мурињо заклучи дека во изборот се вмешани и надворешни фактори. “Во доделувањето на Златната топка се вклучи политика, а јас не сакам да се занимавам со политика.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ветеранот Јоветиќ има нов клуб!

Стеван Јоветиќ, кој важи за еден од најзначајните фудбалери во историјата на Црна Гора, оф…