Дома Фудбал Англија Постигнат договор: Во Англија ќе има зимска пауза

Постигнат договор: Во Англија ќе има зимска пауза

Фудбалската асоцијација на Англија, Премиер лигата и Англиската фудбалска лига се блиску до договор за воведување на зимска пауза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Скај Спорт“, многу од планираните промени во принцип веќе се одобрени. Раководството на ФА денес беше информирано за развојот на разговорите, кои започнаа пред две години.

Ако се дојде до краен договор, зимската пауза ќе стапи во сила од 2019 година.

Според прелиминарниот план, едно коло од Премиер лигата ќе биде поделено во две недели, откако ова ќе им даде одмор на тимовите од натпревари за првенството.

Петтиот круг од ФА Купот на Англија, пак, ќе се одигра во текот на неделата, а не во текот на викендот, а реванш нема да има, откако дуелите ќе бидат решавани со продолженија и пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…