Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Тагата и гневот се големи, се уверивме дека и Силекс ни е непријател

Комити: Тагата и гневот се големи, се уверивме дека и Силекс ни е непријател

Вардар не успеа да се врати во елитата и следната сезона ќе ја помине во Втората лига, а откако клубот вчера во последното коло не успеа да стигне до баражот се огласија „Комити“.

Во соопштението „Комити“ порачаа дека од сега знаат и дека Силекс им е непријател, но сепак главната причина за останувањето во Втората лига ја бараат во своите редови. Ќе потсетиме Силекс кој веќе ја имаше обезбедено титулата вчера не му направи услуга на Вардар кој ако кратовчани победа со Воска ќе одеа во баражот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СООПШТЕНИЕТО НА КОМИТИ:

„Тагата и гневот се големи, но ќе поминат, и ако лани увидовме дека Работнички ни е непријател, сега знаеме дека ни е и Силекс. И ако тоа некому му звучи во стилот “секое чудо за три дена”, не е, затоа што ние ќе дојдеме по своето.Но ако сме реални грешките за оваа најслаба сезона во историјата на ФК Вардар, ќе ги пронајдеме пред се во сопствените редови. Вардар организациски е една обична нула, потпросечен второлигашки тим. Благодарение на Грне се врати надежта, но дури и со идеален ефект (пет од пет) не можеа да се покријат организациските пропусти од предходно.Преку Вардар се ништи Македонија, преку Вардар се уништува она малку што е останато, што прави да бидеме горди, достоинствени и препознатливи. Преку Вардар не ништат и нас, како симбол за неискварена, здрава Македонска младина…Но нас не ништат долго време, а ние сеуште сме тука, и секогаш сме посилни од предходно.

Тука сме затоа што не се предаваме, па затоа немаме избор освен да бидеме посилни.Нека проработи инаетот, и целиот гнев нека се претвори во љубов, затоа што ќе победиме единствено со љубовта а не со омразата, и тогаш победата ќе биде триумф.Утре ОДИМЕ ВО КАВАДАРЦИ. Утре е прва можност да триумфираме, и да покажеме дека не успеале да не ослабат и деморализираат Триумфот не е во играта на теренот, туку во нашиот карактер на трибина.

Да покажеме карактер и да покажеме срце, тоа ќе биде првиот удар врз оние кои учествуваа и ни спремаа мрачни сценарија, оние кои не предадоа, истите тие кои и сопствените деца би си ги продале заради грст жолтици.Да се радуваме на трибина, затоа што она што сме ние, и она што го имаме е посебно и свето, нешто што овие гнаси никогаш нема да го разберат“.

Недела, 15.05 РК Вардар – РК Пелистер

СОБИР: Сала Јане Сандански 16:00ч.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …