Aнглиските клубови од Премиер лигата денес во Лондон се изјаснија против воведувањето на ВАР технологијата од сезоната 2018/2019.
Како што пренесуваат британските медиуми на денешното гласење учествувале сите 20 клубови од Премиер лигата, а тие се усогласиле дека треба да се продолжи со напредно тестирање на оваа технологија и наредната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што се наведува, ВАР технологијата оваа сезона се користеше во ФА и Лига Купот каде што биле воочени проблеми на одредени натпревари.
Како најдобар пример се истакнал натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Хадерсфилд.