Трансферот на Оливие Жиру во Серија А е се поблиску откако Французинот донесе конечна одлука да се пресели во Милано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конте е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива на Лукаку и Мартинез, па Жиру најверојатно уште во јануари ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.
Лампард не смета сериозно на Жиру, но сепак нема да ја пропушти приликата да заработи, па за неговата слобода бара 7 милиони евра.
Жиру наводно веќе постигнал комплетен договор со „нероаѕурите“ и го чека јануари за да се пресели во Милано.
Французинот не добива минутажа оваа сезона на „Стенфорд Бриџ“, а сака да биде во форма за Европското првенство на лето, па тоа е најголема причина да се одлучи за промена на средината.