Дома Фудбал Останато Хендерсон откри како за малку ќе го претепал Суарез

Хендерсон откри како за малку ќе го претепал Суарез

Џордан Хендерсон пристигна во Ливерпул летото 2011 година од редовите на Сандерленд како голема надеж, а денес е капитен на клубот со кој ја освои Лигата на шампионите.

Но, патото до успехот му беше отежнат, што поради слабите резултати на клубот до доаѓањето на Јирген Клоп, што поради неговите слаби настапи.

 Во еден период Хендерсон откри дека не можел да го поднесе Луис Суарез.

„Кога си фудбалер секогаш има и критики, нормално е некои луѓе да се сомневаат во вас. Јас во тоа време бев млад играч и имаше некои работи кои не ми се допаѓаа. Поради Суарез не се чуствував доволно добар да бидам со него на теренот и тренинзите. Секогаш ги ширеше рацете во смисла: Па што прави овој!? Како да не треба да сум таму. Тоа ме болеше. На еден натпревари три пати го направи тоа и тогаш експлодирав. Бев спремен да го претепам“, изјави Хендерсон.

Потоа работите се средиле.

„Работите се средија веќе во следнито натпревар. Се погоди баш јас да му асистирам, па нашиот однос стана далеку подобар, станавме блиски и ќе признаам дека многу научив од него“, заврши денешниот капитен на Ливерпул.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сари го сака Мурињо за противник во ЛШ

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари очекува неговиот тим да се врати на победите и во Сери…