Дома Фудбал Останато Морничав случај во Загреб: Пронајдени човечки остатоци, се сомнева дека припаѓаат на поранешен ММА борец

Морничав случај во Загреб: Пронајдени човечки остатоци, се сомнева дека припаѓаат на поранешен ММА борец

Загрепската полиција истражува случај откако при работи на простор на една фирма беа пронајдени делови од човечки скелет.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, има сомнеж дека остатоците припаѓаат на 26-годишниот Абрахам Салимон Ареу, ММА борец кој настапувал и на приредбите на Fight Nation Championship (FNC).

Првиот дел од скелетот беше пронајден во вторник, 22 септември, при ископување на теренот каде се наоѓаа разни видови отпад.

Полицијата потврди дека станува збор за остатоци од 26-годишен маж, додека идентитетот сè уште треба да биде службено утврден.

Случајот доби продолжение веќе наредниот ден, кога беше пронајден и долниот дел од скелетот.

Постмртните остатоци се пренесени во Заводот за судска медицина и криминалистика, каде што со обдукција и други вештачења треба да се утврди кому припаѓаат, што е причината за смртта и дали постојат околности кои би укажувале на кривично дело.

Според досега достапните информации, остатоците на местото на пронаоѓањето наводно пристигнале заедно со градежен отпад од друга локација во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бакочевиќ жестоко му се закани на Голубовиќ: „Деведесеттите ги преживеа, ама ова тешко“

Васо Бакочевиќ со самодоверба го најави егзибицискиот дуел против Кристијан Голубовиќ, кој…