Дома Фудбал Останато Меси и друштвото во Интер Мајами за тренер добиваат поранешен соиграч од Барса?

Меси и друштвото во Интер Мајами за тренер добиваат поранешен соиграч од Барса?

Херардо Тата Мартино поднесе оставка од клупата на Интер Мајами и во иднина нема да го води овој тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартино си замина по разочарувачката елиминација на стартот од плеј-офот од Атланта, Аргентинецот така одлучи да го напушти клубот од Флорида.

Интер Мајами каде што покрај Меси играат: Суарез, Алба и Бускетс беше еден од главните кандидати да ја освои титулата, а во плеј-офот влезе и од првата позиција во регуларниот дел. Сепак следуваше шокантна елиминација од Атланта која заврши како деветта.

Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Мартино, меѓутоа се шпекулираше со името на Чави Ернандез кој и понатаму е без ангажман по заминувањето од Барселона.

Чави по конфликтот со Лапорта ја напушти Барселона и се уште е без клуб. Новата сезона започнува дури во март, па така Бекам има доволно време да го пронајде вистинското решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…