Македонскиот напаѓач Иван Тричковски го има најдобриот старт на една сезона во кариерата. Тричковски од почетокот на сезоната има шест гола на пет натпревари и погодува на секој меч за АЕК каде што настапува пет години.
Вчера Тричковски постигна два гола против Аполон, а во претходните четири постигнуваше по еден гол. Со ваквиот учинок Тричковски е блиску да го изедначи личниот рекорд од периодот од 17. декември 2016 до јануари 2017. тогаш постигнуваше голови на шест натпревари во низа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дојдовме во Лимаспол кај тим кој имаше четири од четири победи и ние заслужено славевме. Одлично одигравме и најважно што е ги искористивме шансите кои ги имавме, добро играме, но секако има простор за напредок. Среќен сум што нашите навивачи кои дојдоа задоволни си заминаа дома“, изјави Тричковски по натпреварот.
Вкупно во дресот на АЕК Тричковски има 89 гола на 145 натпревари. Ќе потсетиме од репрезентацијата на Македонија Тричко се повлече после Европското првенство ова лето.