Дома Фудбал Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите скандали на последните години, откако германското јавно радио „Deutschlandfunk“ ги објави резултатите од истражување кое поставува сериозни прашања за распределбата на билетите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според тврдењата на овој медиум, некои национални фудбалски федерации наводно препродаваат билети за натпреварите од Светското првенство по многукратно повисоки цени од оние што ги утврди ФИФА.

Во истражувањето се наведува дека „Deutschlandfunk“ поседува документација која укажува на таква практика кај осум национални федерации.

Меѓу нив, според нивните тврдења, се и федерациите на двете земји домаќини, САД и Мексико.

Освен нив, во текстот се споменуваат и Ирак, Зелениот ’Рт, Еквадор, Албанија, Сан Марино и Куковите Острови.

Германскиот медиум наведува дека постојат индиции дека бројот на федерации вклучени во оваа практика би можел да биде значително поголем.

Како што тврдат нивните извори, некои билети биле продавани по цени кои биле и до четири пати повисоки од нивната оригинална вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино се скара со новинарите: Никој не ни честиташе – како да сме елиминирани

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во нокаут фазата…