
По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско првенство, добивме некои одговори, но не и сите! Така, ги дознавме имињата на 19 репрезентации што ќе играат во шеснаесетина финалето, но исто така и четирите пара од оваа фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Завршени се групите од А до Ф, а веќе понатаму поминаа Мексико, Соединетите Американски Држави, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, Босна и Херцеговина, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија.
Освен тоа, познато е дека во нокаут рундата ќе играат Јужна Африка – Канада, Холандија – Мароко, САД – БиХ и Бразил – Јапонија. По натпреварите во текот на вечерта и наредната ноќ ќе се разрешат бројни дилеми.
Групната фаза завршува во ноќта меѓу сабота и недела, а веќе во недела од 21 час првата пресметка, единствена за тој ден, ќе ја одиграат Јужна Африка – Канада.