Дома Фудбал ФИФА исфрли азиска репрезентација од сите натпреварувања!

ФИФА исфрли азиска репрезентација од сите натпреварувања!

Во периодот на Светското првенство што се одржува во САД, Мексико и Канада, ФИФА донесе една остроумна одлука.

Фудбалската репрезентација на Непал е суспендирана на неопределено време и исклучена од сите натпреварувања што ги организира светската „Куќа на фудбалот“.

Меѓународната фудбалска федерација го суспендираше Фудбалскиот сојуз на Непал поради што репрезентацијата на Непал, како и сите клубови од таа држава, нема да можат да учествуваат на натпреварувањата под капата на ФИФА и Азиската фудбалска конфедерација (AFC).

Во официјалното соопштение, ФИФА објаснува дека причината за оваа мерка е недозволено мешање на трета страна во работата на националниот сојуз. Ова се однесува на повеќемесечниот спор меѓу Фудбалскиот сојуз на Непал и Националниот спортски совет, кој се вмешал во изборниот процес и функционирањето на сојузот, што ФИФА го смета за прекршување на своите статути.

Покрај забраната за учество на меѓународната сцена, Непал привремено останува и без пристап до развојните програми, обуките, семинарите и финансиската помош од ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона за прв пат ја надмина чудесната граница!

Враќањето на Стадионот „Спотифај Камп Ноу“, растот на приходите од спонзори и рекордната п…