Дома Останати Тенис Oва се потврдените парови за нокаут фазата на Мундијалот, две дербија се сигурни!

Oва се потврдените парови за нокаут фазата на Мундијалот, две дербија се сигурни!

Синоќа продолжија натпреварите од последното коло на групната фаза од Светското првенство, со што полека се комплетира грижата за нокаут-фазата и веќе се познати четири парови за осминафиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вториот домаќин на првенството, репрезентацијата на Канада, ќе се соочи со Јужноафриканската Република во оваа фаза на натпреварувањ, додека САД ќе игра против БиХ..

Синоќа се определени и два возбудливи дуели кои веќе се сметаат за дерби на осминафиналето. Тоа се натпреварите помеѓу Холандија и Мароко, како и Бразил против Јапонија.

И покрај тоа што Холандија и Бразил се сметаат за фаворити, Мароко и Јапонија оставија силен впечаток на тековното Светско првенство.

За Мароко не би било неочекувано ако триумфираат против Холандија, затоа што се дел од Топ 10 селекции на ранг-листата на ФИФА и полуфиналисти на последното Светско првенство.

Во текот на денот се очекува да се комплетираат уште неколку парови за нокаут-фазата на Мундијалот.

Деветнаесет селекции досега се квалификувани и спремни за следната фаза.

Тоа се: Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, Македонија, Јужна Африка, Обала на Слонова Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тежок ждреб: Ѓорческа ќе игра против шестата светска тенисерка!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во својата кариера, отк…