Дома Македонски спорт Тричковски ја доби „златната копачка“ во Кипар

Тричковски ја доби „златната копачка“ во Кипар

Поранешниот репрезентативец на Македонија Иван Тричковски кој шест години го носи дресот на АЕК Ларнака вчера ја доби „златната копачка“ за најдобар стрелец во кипарското првенство за изминатата сезона во која постигна 15 гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тричковски од репрезентацијата на Македонија се прости после Европското првенство ова лето, а за Македонија одигра 67 натпревари и постигна седум гола.

„Не можам да бидам повеќе горд и посреќен! Горд сум на себе и семејството, заслужни за оваа награда се и соиграчите, среќен сум што конечно добив „златна копачка““, изјави Тричковски при добивањето на наградата.

Во кариерата Тричковски играше уште за Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Енозис, АПОЕЛ, Бриж, Весланд Беверен, Ал Наср и Легија Варшава. Во АЕК е од 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…