
Новак Ѓоковиќ ќе игра на егзибицијата „Џорџо Армани класик“ во клубот Харлинген. Неговиот противник е Томи Пол, а натпреварот е закажан за денеска околу 15:30 часот по средноевропско време.
Да потсетиме, Ѓоковиќ пред два дена го откажа натпреварот против Карен Хачанов. Тоа ги загрижи сите, но очигледно се е во ред.
За Новак ќе биде ова прв натпревар на трева оваа сезона, додека Пол играше финале на Квинс минатата недела и малку неочекувано загуби од Франсиско Серундоло. Во моментов е 24-ти на светот.
За Ѓоковиќ е важно што сепак ќе одигра натпревар на трева пред почетокот на Вимблдон, кој е закажан за 29 јуни. Тој и претходно доаѓаше на Вимблдон по ревијални натпревари во Харлинген, кој е околу половина час возење, и ја освојувал титулата.