Дома Фудбал Наташа Андонова има нов клуб, ќе игра и во Лигата на шампионите

Наташа Андонова има нов клуб, ќе игра и во Лигата на шампионите

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова ќе има нов предизвик во кариерата, откако и официјално потпиша за швајцарски Сервет, актуелниот шампион на земјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот ја потврди соработката со искусната македонска интернационалка, од која очекува да внесе дополнителен квалитет и лидерство во тимот. Со Сервет, Андонова во новата сезона ќе ја брани шампионската титула во Швајцарија, а ќе настапува и во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Андонова беше дел од шпански Мадрид, а во богатата интернационална кариера настапуваше и за Ал-Шабаб, Леванте, Барселона, ПСЖ, Росенгард, Потсдам, како и за македонските Борец и Тиквешанка, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Во дресот на македонската репрезентација Андонова досега има запишано 40 настапи и постигнато 14 голови, потврдувајќи го статусот на една од најдобрите македонски фудбалерки во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави интересна теорија: Дали на Гана ѝ одговара пораз од Хрватска?

Во пресрет на последното коло од групната фаза на Светското првенство се појави интересна …