Дома Останати Тенис Тежок ждреб: Ѓорческа ќе игра против шестата светска тенисерка!

Тежок ждреб: Ѓорческа ќе игра против шестата светска тенисерка!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во својата кариера, откако за првпат обезбеди пласман во главниот турнир на Вимблдон, најпрестижниот грен слем што се игра на тревните терени во Лондон.

Тетовчанката до историскиот успех стигна преку квалификациите, во кои нанижа три победи и заслужено избори место меѓу најдобрите тенисерки на турнирот.

Во првото коло ја очекува исклучително тежок предизвик, дуел со шестата носителка и шеста тенисерка на ВТА-листата, Американката Аманда Анисимова. Станува збор за 24-годишна тенисерка со богато искуство на грен слем турнирите и една од фаворитките за висок пласман.

Главниот турнир на Вимблдон започнува на 29 јуни, кога Ѓорческа ќе го има своето историско деби на најпознатиот тениски турнир во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…