Дома Фудбал (Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

(Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и зачекори во нокаут фазата на Светското првенство во фудбал. Притоа, беше видено и најлудото славење на победата откако селекторот на Еквадор Себастијан Бекасесе прескокна заштитната ограда на стадионот за да ја прослави победата со членовите на своето семејство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот тренер ги прегрна своите најблиски по големата триумф над Германија. Тоа беше исклучително емотивен момент за Бекасесе, кому последниот натпревар во групната фаза можеше да биде и последен на клупата на Еквадор.

Бекасесе пред натпреварот порача дека очекува да ја напушти репрезентацијата доколку неговиот тим не обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

pic.twitter.com/rddJNqiat3— FCBgroove. (@GoalGroves) 25 јуни, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…