
Репрезентациите на САД и БиХ ќе ги одмерат силите во шеснаесеттина финалето на Светското првенство, а пред тој натпревар, американскиот “Фокс Спортс” издвои статистика која не оди во прилог на домашната селекција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Американците ја завршија групната фаза како првопласирани во Група Д.
Победите против Парагвај и Австралија беа доволни за првото место, додека поразот од Турција (3:2) во последното коло мина без нови проблеми со повреди или суспензии.
Сепак, како што наведува „Фокс Спортс“, постои еден податок кој сериозно загрижува пред дуелот со Босна и Херцеговина.
Поразот од Турција беше десетиот последователен неуспех за САД против европските репрезентации, додека Американците веќе 12 натпревари не знаат за победа против селекции од УЕФА зоната. Во тој период постигнаа два нерешени резултата и дури десет порази.
Ниту доаѓањето на селекторот Маурисио Покетино не донесе пресврт во дуелите со европските тимови.
Иако Аргентинецот со години работеше во европскиот фудбал, водејќи го Тотенхем, Челси и Пари Сен Жермен…
Од преземањето на репрезентацијата загуби сите шест натпревари против европските противници, со гол разлика 6:18.