Дома Останати Ракомет Oва е распоредот на Вардар во ЛШ: Почнува кај Пародоно завршува во Франција!

Oва е распоредот на Вардар во ЛШ: Почнува кај Пародоно завршува во Франција!

Веднаш по извлекувањето на групите беше објавен и распоредот на натпреварите за Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот шампион камбекот во европската елита ќе го отвори со незгодно гостување кај германскиот Мелсунген, актуелен освојувач на Лигата на Европа. Дополнителен мотив на овој дуел е што германскиот тим од клупата го предводи поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Првиот домашен натпревар „црвено-црните“ ќе го одиграат против француски Нант, а потоа следува уште еден меч во Скопје, овојпат против полска Висла Плоцк. Во продолжението на групната фаза Вардар ќе гостува кај Висла Плоцк, ќе го пречека Мелсунген, а циклусот ќе го затвори со гостување кај Нант во Франција.

Распоред на натпреварите:

  • 9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар
  • 16/17 септември 2026: Вардар – Нант
  • 7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк
  • 14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – Вардар
  • 21/22 октомври 2026: Вардар – Мелсунген
  • 27/28 октомври 2026: Нант – Вардар
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…