Англиските медиуми откриваат дека Оле Гунер Солскјер бил на чекор од отказ во Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Генералниот директор Ед Вудворд имал зелено светло од сопствениците да му врачи отказ на Солскјер, но потоа следеа две фантастични победи над Тотенхем и Манчестер Сити, па Норважанецот ја зачува работата.
Иако Солскјер ја имаше поддршката од играчите, раководството јасно му порачало дека повеќе нема простор за изговори и дека тимот едноставно мора да почне да победува.
Притисокот на Солскјер беше огромен, па мораше да се „вади“ во два дерби меча против Тотенхем и Манчестер Сити, но на крајот успеа.
Јунајтед одигра два одлични меча и запиша две победи, тимот сега се наоѓа на 5-то место во Премиер лигата, а главната цел секако е пласман во Топ 4.