Во 2018 година Манчестер Јунајтед можел да го доведе Ерлинг Халанд кој во клубот од „Олд Трафорд“ пристигнал на препорака на Оле Гунар Солскјер, сепак во Јунајтед процениле дека Халанд нема да има светла иднина.
Екс-тренерот на Манчестер Јунајтед во едно гостување во телевизиска емисија откри дека на раководството на Јунајтед им го понудил Норвежанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Летото пред да дојдам во Манчестер им се јавив и го препорачав Халанд. Тоа се случуваше јуни или јули 2018 година. На крајот тие ми дадоа негативен одговор со објаснување дека имаат информации за него и не сакаат да го доведат“, откри Солскјер.
Исто така Јунајтед не го довел и Белингам како 17-годишник бидејќи не можеле да му гарантираат минутажа каква што барал.
„Џуд дојде во тренинг-центарот кога тука беа Фергусон и Кантона. Разговаравме и тој ни кажа дека сака одредена минутажа. Имаше само 17 години и клубот затоа не се согласи“, раскажа норвешкиот стратег.